Подгответе се за голем температурен шок: Темепературите ќе паднат за повеќе од 15 степени

Во сабота ќе се задржи претежно сончево и доста топло време. Во недела попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во недела преку ноќта и во понеделник, особено во западните и северните делови. Дневната температура ќе опадне за 7 до 10 степени.

Уште постудено време не очекува од понеделник кога температурите ќе паднат за повеќе од 15 степени во однос на денешните. Врнежливото време ќе биде проследено со максимални температури од 18 степени во понеделник и 20 во вторник. Од среда се очекува разведрување и температури до 23 степени. 
До крајот на месецот метеоролозите најавуваат временски услови типични за гоидшното време есе кое од среда и календарски доаѓа.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега