ВИДЕО: Охридска работа - погледнете што и направиле вандалите на новата фонтана во градот

Во отворите на цевката низ која се пумпа водата во ноавата фонтана пронајдени беа делови од трски и дрвени моливи со кои беа запушени отворите на решетката од која водата треба да влегува во системот низ кој се пумпа и кружи низ фонтаната.

Во секој отвор некој ставил по едно парче трска, а во едно од дупчињата ставен беше и дрвен молив.

Екипите на МЈП ПРОАКВА излегоа на терен и по кој знае кој пат интервенираа за да се спаси од дефект пумпниот систем кој овозможува водата да кружи, а од дизните на фонтаната да прска вода.

По овој најнов обид да се уништува нвоизградено добро во градот, дефинитивно станува јасно дека случаите на уништување на се и сешто на јавни површини во Охрид не се изолирани и дека најверојатно станува збор за смислена опструкција и организирано дејствување на група луѓе кои како по список оштетуваат или уништуваат се што е новоизградено , новопоставено и новозасадено во Охрид, пишува Охрид 1.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега