Николовски: Се надевам на почеток на преговори со ЕУ идната година

На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции се обрати и пратеникот Александар Николовски. На седницата  беа присутни и еврокомесарот за проширување на Европската Унија Јоханес Хан, евроамбасадорт во Република Македонија Аиво Орав, како и голем број на амбасадори, дипломати, професори, новинари и други гости.

-Добро е затоа што заложбата е иста и стои, а лошо е затоа што очигледно  во некои сектори сеуште нема напредок. Ние многу зборувавме тука за реализација на реформите и ја сум прв што вели дека тие треба да се спроведат, не затоа што тоа го бара Европската Унија од нас, туку затоа што тоа го бараат граѓаните од нас за да имаат еден подобар и попристоен живот во сите сегменти, не само во делот на економијата туку и во делот на владеењето на правото, но во исто време останува едно прашање кое што е не одговорено и на кое што  ниеден од нас овде не може да даде одговор, а незнам дали и комесарот може да даде одговор,  но тоа прашање стои, прашањето е многу едноставно а тоа е до кога ќе продолжи блокадата на Република Македонија? Ние мора да сме отворени директни и јасни. Република Македонија не преговара со ЕУ, не затоа што во последните неколку месеци опозицијата на еден недозволен и нелегален начин презентираше прислушувани материјали во јавноста, па тоа резултираше со политички договор кој што што треба да се реализира, туку затоа што имаме континуирана блокада од нашиот јужен сосед и прашањето е многу едноставно, теоретски доколку се реализира се, доколку се заврши се, дали ќе имаме некоја промена следната година?, истакна Николовски.

Тој додаде дека гледајќи ја политичката ситуација на југ, како и случувањата и во остатокот од Европа смета дека одговорот ќе биде негативен.

-Ќе бидам директен, постојат многу граѓани и во мојата изборна единица и секаде онаму каде што се среќаваме кој што  прашуваат дали овој пристап е искрен, односно дали проблемот доаѓа од едно место или се работи  за проблем за кој што Грција не чувствува притисок од никој друг за овој  проблем да биде решен. Ние мора ова прашање да го поставиме директно, отворено и јасно тука, затоа што граѓаните тоа го бараат од нас.И втората поента, ние направивме политички договор со сериозни концесии од наша страна и како пратеници и како владеачка партија, ние бевме во една непријатна ситуација поеќе од година дена, дел од пратенциите да не доаѓаат и да не можеме да имаме суштинска дебата во Собранието во Република Македонија. Предизвиците пред нас се големи, за негова реализација мора да сме јасни и искрени дека договорот мора да се реализира до крај на мај, дека финале на тој договор мора да бидат предвремените избори, на кој што меѓу другото се согласивме да си го скратиме мандатот како пратеници на пола, се со цел да се надмине оваа криза, но во исто време да сме одоговорни пред самите себе и како четри политички партии кои што учествуваат во договорт, но и како пратеници дека тоа треба да е крајот на оваа криза, затоа што ако заради било која причина ги одлагаме изборите или заради било која причина повторно се обидуваме на тој изборен процес да му наметнеме проблеми кој што после тоа ќе ги чуствуваме на еден или друг начин тоа ќе биде најголемата катастрофа која што може да и се случи на Репбулика Македонија. Дваесет и четврти април мора да е крај на овој процес после кој што државата ќе влезе со еден Парламент во кој што сите свесно и одговорно ќе работат и во кој што сите ќе го признаваат своето место без разлика дали е во власта или во опозицијата, нагласи Николовски.

На крај пратеникот изрази надеж за многу реализирани проекти, поубава вест за Македонија од ЕУ во декември и идната година отпочнување на преговорите

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега