Струмичкиот еснаф порачува: Заев се фали за скопската, а со прст не мрднува за струмичката чаршија

Го гледаме Заев вчера во Скопје се рашетува низ скопската чаршија, а ниту со око не погледнал кон струмичката, а не па да не посети. Тој се фали дека ќе ја заживеел скопската, а ја уништува Струмичката, порачаа денеска струмичките еснафи. 

Тие велат дека Заев не ги посетил, а на нив се сеќава само пред избори. Нагласуваат дека еснафот во Струмица замира, а градоначалникот пазарот го спомнува само во неговите ветувања дека ќе го покрие и направи модерен и после веднаш го заборавања.

-Заев ти си градоначалник на Струмица земаш пари од сите нас, нашиот народ вели прво погледни си во својот двор па после во другите. Се шета во Скопје и им се фали на дуќанџиите дека ќе направел нешто за чершијата, еве ние ви кажуваме дека нипшти нема да направи и дека само лаже. Трет мандат е градоначалник и со прст не мрдна за струмичката чаршија и струмичкиот еснаф, вели занаетчијата Георги Шапов.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега