ВМРО-ДПМНЕ Битола: СДСМ по кој знае кој пат си постигна автогол

СДСМ во нивни стил со празни прес конференции, велат денес од битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од пресконференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Битола

По којзнае кој пат пред целата битолска јавност сами си постигнавте автогол лажнo изјавувајќи загриженост со што само повторно ја покажавте разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: ние работиме за интересите на граѓаните, а Вие критикувате. Задоцнето и неосновано, се разбира. Колеги Советници, Вашето денешно барање е веќе ставено во процедура.

ЈП Пазари пред два дена на Седница на Управен Одбор донесе Одлука за промена на плаќањето на паушалот на реонскиот пазар и истовремено ја достави Одлуката до Советот на Општина Битола како предлог точка на дневниот ред на наредната Седница на Советот на Општина Битола.

Колеги Советници, разочарувачки и поразително е тоа што и по повеќе од две години мандат, покажувате дека процедурите за работата на Советот или не Ви се јасни или не Ви значат ништо.

Ако наместо помпезна прес конференција за обид за собирање на дневни политички поени, по институционален пат побаравте додавање на точка на дневен ред, ќе увидевте дека постапката за тоа е веќе започната.

Колеги од СДСМ и коалицијата: Времето и фактите покажуваат дека со својата работа ВМРО-ДПМНЕ е неколку чекори пред Вас и во комуникацијата со граѓаните и во заложбите за подобрување на нивното секојдневие.

Престанете да ги вознемирувате граѓаните со лажна загриженост и неосновани предлози и почнете да ја работите работата за која што сте избрани и за која земате плата.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега