Делчевчанец нелегално вадел пари од банкомати

Надворешната канцеларија за кривични работи Делчево поднесе кривична пријава против П.Д.(41) од Делчево поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот во периодот од 20 мај до 18 август 2015 година со цел за себе да прибави противправна имотна корист во 19 наврати искористувајќи ги податоците од дебитна картичка на име на лице од виничкото село Јакимово неовластено навлегол во компјутерскиот систем на банка во Делчево од каде во четири наврати од банкомат извадил 36.000 денари, а во 15 наврати од банкомати во Република Српска извадил парични средства во противвредност на 109.286 денари, со што се стекнал со противправна имотна корист од 145.286 денари.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега