Заев прво тврдеше за 30 илјади прислушувани разговори, а потоа сврте на 600.000

Опозицискиот лидер Зоран Заев повторно сам се фаќа во лага. Човекот кој прво кажа дека прислушувал 30 илјади разговори, сега вели дека имал 600 илјади разговори.

Заев иако на почетокот рече дека имал преслушано 30 илјади разговори, што според многумина е навистина голема бројка бидејќи за тоа се потребни и време и ресурси, сега Заев смени мислење и таа бројка ја зголеми многукратно и рече дека имал 600 илјади разговори.

-Од прилика 600 илјади разговори, ние објавивме 1.000- 1.100. Не можам да кажам дека сам целото тоа го направив. Јас го селектирав сам, рече Заев.

Заев во вчерашното интервју беше конфузен, неуверлив, постојано влегуваше од една во друга лага. Не во различни, туку во една иста емисија првиот човек на СДСМ повеќе пати смени ставови. Тој покажа дека незаконско стекнатите материјали кои се дел од кривичен процес му се единствената сламка за спас.

 
 
 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега