Заев прво кажа дека самиот слушал разговори, потоа дека тоа го правеле луѓе од штабот

Ниту едно телевизиско појавување на опозицискиот лидер Зоран Заев не може да помине без тврдења со кои самиот тој се демантира. 

При вчерашното гостување во емисијата „Вин Вин“, Заев прво излезе со став дека самиот ги слушал разговорите, за веднаш потоа сам да се демантира и да тврди дека тоа го правеле луѓе од штабот на СДСМ. 

Заев откако кажа дека Господ го црпнал од нивите, сега се поистовети со Господ и само тој и Господ знаеле што се слушнал во целиот овој период, и дека тој бил гаранција за приватноста односно дека тие разговори немале да бидат злоупотребени.

-Само јас и Господ знаеме што се слушнав во целиот овој материјал. Јас сум тој којшто најповеќе знае од тие материјали што има, рече Заев.

Веднаш потоа, Заев смени став и призна практично дека не бил тој единствениот што ги слушал разговорите односно луѓе од штабот ги преслушувале и селектирале разговорите кој тој ги објавува.

-Ќе го кажам примерот, селектираш 40 разговори кои што се однесуваат на темата и ги предавам во Центарот за комуникации, мојот кабинет, каде што тимот од СДСМ од тие 40 селектира 7-8, рече Заев. 

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа