Уште колку пати Зоран Заев ќе заглавува во мрежата на сопствените манипулации?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дефинитивно станува симбол за политичките интриги, манипулации, политичар кој воопшто не води сметка за тоа што го изјавува, без срам што во куси временски интервали се демантира самиот себе, бидејќи за иста работа соопштува сосема дијаметрални ставови, бескрупулозно потценувајќи ги граѓаните.

Најновата политичка демагогија, Зоран Заев, се обиде да ја продаде пред неколку дена во неговото ТВ интервју во Вин-Вин, каде соопшти дека наводно СДСМ е реформиран и во партијата станале свесни дека и во државната администрација и во правосудниот систем имало професионалци и експерти, без разлика што се вработиле или напредувале во професионалната кариера во времето на Никола Груевски, и затоа не требало да има реваншизам, оти тоа не било добро за државата. Сега граѓаните со право се прашуваат на кој Заев да му веруваат, на оној кој јавно, на партиска трибина говореше, дека исто како во Општина Струмица, кога СДСМ ќе дојде на власт, ќе ја смени цела администрација, почнувајќи од чистачките, или на овој Заев од четвртокот, кој сега лажно облекол јагнешка кожа и мисли дека граѓаните брзо забораваат.

Претседателот на СДСМ, во истата прилика најави дека опозицијата ја научила лекцијата и дека сега ќе пишува програма заедно со граѓаните, водејќи сметка исклучиво за нивните потреби. Денеска во хотелот Капри во Битола, мала група на партиски функционери на СДСМ (на чело со Зоран Заев),  повторно го демантира токму тоа што го најави лидерот на СДСМ. Наместо заедно со граѓаните, спротивно од најавите, повторно зад затворени врати, тајно, од неколку партиски активисти однапред се пишува нешто што ќе го наречат програма, која уште еднаш ќе им се сервира на гласачите како готов производ, а подоцна СДСМ ќе се обидува да одглуми некаква транспарентност или отвореност, која секако нема да биде искрена.

СДСМ во Битола

Она што е дополнително контроверзно, што и покрај упорното тврдење на Зоран Заев дека СДСМ е хомоген и сплотен, и дека речиси сите поранешни искусни пратеници се активно вклучени во изготвување на програмата, за брзо време е демантирано. Во Битола, не може да се забележат повеќето од споменатите.

СДСМ во Битола

Ги нема ниту поранешниот потпретседател на Собранието, Јани Макрадули, кој патем потекнува од Битола и во неколку наврати беше носител токму во оваа Изборна единица, ниту пак поранешниот потпретседател на партијата и пратеник, Гордан Георгиев, ниту поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите, Игор Ивановски, ниту поранешниот портпарол на СДСМ, кој исто така беше и пратеник, Емилијан Станковиќ, ниту поранешните пратеници од овој град, Весна Бендевска и Менде Диневски, кои наводно сите биле активно вклучени во изработката на програмата, што очигледно е уште еден обид за создавање на некаков привид во јавноста дека Зоран Заев ужива голема подршка во партијата.

СДСМ во Битола

Додека се уште не е оладена оставката на поранешниот економскиот потпретседател на СДСМ, Ванчо Узунов, еден од главните стожери на економските политики и претходни предизборни ветувања на партијата, кој симптоматично, ја актуелизираше својата оставка, веднаш откако се постигна политичкиот договор во Пржино, Зоран Заев повторно и повторно манипулира.   

СДСМ во Битола

Дека во СДСМ воопшто не цветаат рози, потврдува и мачната атмосфера во која се одвивала на последната седница на Извршниот Одбор, која се одржала во вечерната пауза на Собраниската седница на која беше усвоен законот и предложен специјалниот јавен обвинител, на 15 септември.

Оливер Спасовски во Битола

Нашите извори тврдат дека на седницата воопшто не присуствувала Радмила Шекеринска, а најмногу нервоза покажал организациониот секретар Миле Зечевиќ, кој отворено се спротиставил на генералниот секретар Оливер Спасовски, на кого му замерил дека подолг период се обидува да му ги намали надлежностите и буквално да го прескокнува за одредени проекти поврзани со организациските подготовки на општинските организации, за кој Зечевиќ веќе подолг период бил носител и непосредно задолжен.   Оваа расправија, која се одвивала на висок тон, се обидол да ја ублажи Зоран Заев, иако тоа не го сменило впечатокот дека нешто зашкрипува во композицијата на СДСМ.

Во јавноста веќе подолг период се шират информации дека лидерот на СДСМ свесно ги заладил односите и со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој после изборите беше најавен како носител на еден од столбовите на СДСМ за соработка со граѓанскиот сектор. Дали е тоа резултат на тоа што СДСМ ја раскина колицијата со квази невладините организации, па за Стево Пендаровски нема веќе простор за делување, или зад однесувањето на Зоран Заев се крие страв од нешто друго, ќе покаже периодот што следи.  

Заев во Битола

Како и да е, по којзнае кој пат се потврдува дека болната амбиција да се дојде на власт по секоја цена, го притиска Зоран Заев непрекинато самиот со несериозно однесување и манипулации, неповратно да си го уништува својот, но и кредибилитетот на целиот СДСМ. Она што во СДСМ се уште не можат да го разберат, е дека токму од тие причини, кога перјаниците на опозицијата не ја знаат тежината на јавно дадениот збор и постојано се обидуваат да ја потценуваат интелигенцијата на другите надвор од нивната партија, тоа лесно се препознава и затоа граѓаните постојано ги казнуваат на избори.  

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 12:19
Фото: 
СДСМ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега