Издадени се нови 1792 потврди за намера за азил

Министерството за внатрешни работи во изминатото денонокие им издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 1.792 странски државјани.

Од нив 1.101 се од машки пол, 262 се од женски, 364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 65 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.355, Авганистан - 279, Ирак - 100, Иран - 25, Пакистан - 16, додека другите се во помал број, соопшти МВР.

Во периодот од 19 јуни до денеска, издадени се потврди на 85.064 странски државјани, од кои 56.735 се од машки пол, 11.579 се од женски, 14.167 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.583 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 67.543, потоа Авганистан - 6.587, Ирак - 4.245, Пакистан - 2.514 Палестина - 919, Сомалија - 623, Бангладеш - 570, Конго - 357, Иран - 348, Нигерија - 221, Камерун - 164, Еритреја - 163, Етиопија - 126, Судан -109, додека останатите се во помал број.

Во изминатото денонокие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега