Детали за несреќата на Илинденска каде загина младо момче

Тринаесетгодишно дете почина вчера откако автомобил Фиат Пунто удрил во него кај Фонатана во Градски парк, односно на раскрсницата на булеварот Илинден со Наум Наумовски Борче, пренесува Курир.

Како што информираат од МВР, 47- годишната М.Л. удрила во детето кое било со велосипед, околу 18:30 часот.

Малолетникот бил итно пренесен во Ургентниот центар каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите во 19:35 починал.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Како што дознаваме, од М.Л. земени се примероци од крв и урина, а возилото е испратено на вонреден технички преглед.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега