ФОТО: Погледнете колкава пастрмајлија се јадеше вчера во Штип

Со официјален говор на градоначалникот на Штип Илчо Захариев, синоќа свечено беше отворена манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2015", пишува Курир.

По осми пат Штип е домаќин на оваа уникатна манифестација на која синоќа по отворањето беше претставена и џиновската пастрмалија која ја подготвува традиционално „Макпромет"-Штип.

Градоначалникот Захариев и поп пејачката Јулија имаа чест први да ја пресечат џиновската пастрмалија долга над 2.5 метри и да ја споделат со присутните граѓани. Веднаш потоа се одржа традиционалната трка во брзо јадење, на која ланскиот второпласиран штипјанец годинава стана победник. Штипјанецот Борче Митев ја изеде пастрмалијата за 4 минути.

На првата вечер, настапија Јулија, Ванчо Тарабунов и Јордан Митев. Ова беше вистинско загревање за вечерашниот настап на македонската поп изведувачка Калиопи и гостинот од север, Жељко Самарџиќ а над 100.000 луѓе се очекуваат за финалето во недела кога ќе настапи Цеца Ражнатовиќ.

Најавени се неколку десетина автобуси со гости од Бугарија и Србија што остава оптимизам дека годинава ќе се изедат над 120.000 пастрмалии.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега