Премиерот Груевски и денеска на терен меѓу граѓаните

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Сопиште.

Според владината служба за информирање, Груевски ќе изврши увид во градежните активности за изградба на канализација за село Сопиште и локалитетот „Сончев град“, каде ќе има средба со жителите на село Сопиште.  Ќе изврши увид и во санацијата на спортска сала во општинското основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци и ќе има средба со жителите селото Ракотинци, а ќе се запознае и со текот на изградбата на спортско игралиште во село Добри Дол, каде исто така ќе има средби со жителите.

Најавени се средби и со жителите на село Чифлик, по што ќе следи увид во  градежните активности за изградба на спортско игралиште во село Света Петка, како и средба со жителите на селата Света Петка и Држилово.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега