Алексовски: Ќе се реши прашањето со дивите депонии во кривопаланечко и регионот

Градоначалникoт на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски информира дека на состанокот за подготовка на техничка и тендерска документација за затворање на депониите во Источниот и Североисточниот регион е одлучено да се затворат и постојните диви депонии во Крива Паланка.
 
- На состанокот со градоначалниците на Кратово и Ранковце, претседателите на општинските совети  и  директорите на јавните претпријатија од трите општини разговаравме за реализацијата на ИПА проектот  „Подготовка на техничка и тендерска документација за затварање на депониите  во Источниот и Североисточниот регион“ кој ќе се финансира со средства од Европската унија,  а со се предвидува конечно да бидат затворени дивите депонии во нашата општина и да се пристапи кон современ начин на селектирање на отпадот и формирање регионални депонии, изјави Алексовски.
 
Тој рече дека на состанокот е извршена подготовка на потребните одлуки на советите на општините за времената локација за депонирање на отпадот.
 
- Утврден е временскиот период  на  донесување на одлуките од страна на советите, времето на отпочнување со депонирање на отпадот на определената временска локација, а го  договоривме и регулирањето на обврските и финанскиските импликации на општините за зголеменото транспортирање, како и обврските на општината примател на отпадот за неговото законско третирање , што подразбира порамнување, трупање со земја, уредување на пристапниот пат и останати активности, појасни Алексовски.
 
Во преодниoт период до формирање регионални депонии, од 2016 до 2020 година, отпадот од Крива Паланка и околината ќе се депонира на меѓурегионална депонија во соседна општина Ранковце, а потоа следува формирањето на двете големи регионални депонии во Источниот и Североисточниот регион.
 
- За затворање на дивите депонии од ЕУ се обезбедени 32 милиони евра кои покрај за решавање на проблемот со постојните депонии, ќе бидат употребени и за набавка на возила за транспорт на отпадот, садови за депонирање и слично, изјави Алексовски, апелирајќи до советниците од трите општини да ги усвојат одлуките по оваа проблематика.
 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега