Отворен е првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во Валандово

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Вaландово, Николчо Чурлиновски го отворија првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во Валандово.

„Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општина Валандово изнајде средства со инвестиција од 1.500.000 денари да го отвориме овој дневен центар. Од сега па натаму децата со пречки во развојот ќе имаат постојана грижа, ќе имаат можност да напредуваат и развијат своите способности. Ќе имаат поддршка од дефектолог и од стручните лица од Центарот за социјални работи од Валандово, поддршка за напредок и развивање за нивна социјализација и дружење во рамки на овој дневен центар”рече Спасов.

Целите на Министертсвото за труд и социјална политика, како што изјави Спасов, се континуирано да се развива мрежата на Дневни центри за деца и лица со пречки во развојот се со цел во секоја општина во Република Македонија да се создадат еднакви можности за сите за згрижување на најранливата категорија на деца, децата со пречки во развојот.

“Би сакал да му честитам на градоначалникот за неговата поддршка и разбирање и општината да се вклучи со финансиски средства  за опремување на објектот за со заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и општината да го отвориме овој Дневен центар” истакна Спасов и посочи дека министерството и понатаму ќе продолжи со континуирана грижа за оваа категорија на граѓани, со континуирано зголемување и подобрување на услугите кои ги нудат центрите за социјална работа така и со реализација  на паричните помошти насочени за оваа категорија на лица.“

Градоначалникот Чурлиновски истакна дека капацитетот на дневниот центар е за 20 деца иако засега има околу 10 деца кои ќе го посетуваат, при што се заблагодари и на министерот за труд и социјална политика и на Владата на Република Македонија за отворање на дневниот центар.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега