Над 15.000 пастрамајлии се изедени во Штип за два дена

Во Штип за само два дена изедени се над 15.000 пастрамајлии, соопштија организаторите на осмото издание на манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“.

Кирил Панајотов вработен во Општина Штип вели дека како организатори се задоволни од посетеноста на манифестацијата, која веќе втора година се одржува во близина на Градскиот стадион.

- Локалите се полни, а во текот на изминатите два дена се изедени околу 15.000 пастрамајлии, со што се очекува и да се урне минатогодишниот рекорд, којшто изнесуваше околу 100.000 пастрамајлии, вели Панајотов.

Угостителите и келнерите вчера и денес покажаа како се служи, но и јаде штипската пастрамајлија. Борче Митев е победникот во брзо јадење на пастрамајлија, за само 4 минути го изеде специјалитетот, кој се прави од месо, тесто и зачини. Средношколецот Јован Миланов беше најбрзиот келнер во денешната трка на келнери, кој за само 12 секунди на гостите може да им послужи пастрамајлија и вино.

Во Штип вечерва на сцената ќе настапат Калиопи и Жељко Самарџиќ, а утре концерти ќе имаат штипскиот саксафонист Ферус Мустафов и српската фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега