Груевски во Чифлик: Ќе се реконструира патот и ќе се изгради ново спортско игралиште

Патната мрежа во Добри Дол во Општина Сопиште ќе биде обновена, а ќе се надмине и проблемот со водоводната мрежа, беше истакнато денеска на средба на премиерот Никола Груевски со жителите на Добри Дол.

Во тек на посетата на Општина Сопиште, Груевски се сретна и со жителите на Чифлик, Сопиште, Ракотинци и Држилово.

Жителите на Добри Дол побараа санација на патиштата, која градоначалникот на Сопиште Стефче Трпкоски најави дека ќе биде завршена за 12 дена. 

Беше посочен и проблемот со водоводната мрежа, а од ЈП „Водовод“ на Град Скопје истакнаа дека е во тек тендерска постапка и планираните активности ќе бидат реализирани најдоцна до ноември.

Во Добри Дол премиерот Груевски го посети и училишното игралиште, што се гради со средства на општината.

Жителите на Чифли, пак, упатија благодарност до градоначалникот на Сопиште за ангажманот околу надминување на проблемот со водоснабдувањето, кој истакна дека е  почнато опфаќање на изворите смена на цевковод и санација на резерварот за вода со што трајно ќе се реши проблемот со водоснабдување. 

Според најави, за неколку дена ќе биде пуштено во употреба и ново спортско игралиште.

На барање на граѓаните беше посочено дека во март-април ќе почне реконструкција и проширување на патот со кој се поврзуваат Чифлик, Ракотинци и Сопиште со Скопје и Кисела вода. Патот е со должина од 12 километри, а неговата реконструкција ќе заврши за три месеци откако ќе се започне со работа.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега