Две лица повредени во сообраќајки во Гостивар - едно од нив се бори за живот

Во две сообраќајни несреќи по гостиварските улици, утрово, повредени се две лица, од кои заради здобиените повредни, едното е на Скопските клиники и се наоѓа во животна опасност.

Според информациите од СВР Тетово, во сообраќајна несреќа која се случила утрово во 3:30 на улицата „Живко Брајковски" во близина на судот, возило „опел-астра" кое го управувал А.Н. (24) удрило во пешак А.К.(27). Повредениот со повреди на главата и градите бил пренесен во животно загрозувачка состојба на Скопските клиники, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Во друга сообраќајка на улицата „Илинденска" утрово во 2 часот повреден е Ф.А. од тетовско Камењане. На него налетало возило „ситроен" кое го управувал Ц.Б (23) од Гостивар. Повредениот пешак е згрижен во Гостиварската болница и задржан на лекување.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега