Сириза е победник на изборите во Грција

Според првичните официјални информации Сириза е победник на предвремените избори во Грција.

Министерството за внатрешни работи на Грција ги соопшти официјалните резултати по преброени 70 отсто од гласовите.

Сириза е победник на изборите со 35.5 проценти и 145 места во парламентот. Веднаш зад неа е конзервативната Нова демократија со освоени 28,2 проценти и 75 места во парламентот, јавува Грик рипортер.

Екстремно десничарската Златна Зора е трета политичка сила во Грција со освоени 7,1 проценти и 19 места во парламентот. ПАСОК освои 6,4 проценти и 17 пратенички места.

Лидерот на Нова демократија му честита на Алексис Ципрас на победата.

Според грчкиот изборен закон, првопласираната партија добива дополнителни 50 места во 300-члениот парламент, со што Сириза на Ципрас, според досегашните резултати, освои 144 места.

Ципрас денес најверојатно ќе добие мандат, по што ќе има три дена да ја состави новата влада на Грција. Со оглед на тоа што не обезбеди мнозиство, се очекува да коалицира со една или две помали партии.

Според досегашните резултати, на денешните предвремени избори во Грција гласале 54,69 избирачи.

 

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега