За касиер во супермаркет 6300 денари дневница

Германскиот дисконтен синџир на супермаркети – Лидл, најави дека следниот месец ќе ги зголеми платите на илјадници свои вработени за најмалку 12 отсто, освен на работниците во Хрватска.

Работниците во Лидл на 1 октомври ќе добиваат најмалку 8,2 фунти за час во Англија, Шкотска и Велс, како и 9,35 фунти по час во Лондон.

Работниците на Лидл ќе бидат најдобро платени во секторот на супермаркети, соопштено е од компанијата.

Математиката вели дека за еден ден, вработен во Лидл би земал плата од околу 6300 денари

Од германската компанија додаваат дека платите просечно ќе пораснат за 1.200 фунти годишно, со тоа што зголемување ќе добијат 53 отсто од вкупно 17 илјади работници од сите старосни групи во Британија.

Лидл ги плаќа работниците надвор од Лондон минимално 7,3 фунти за час, додека оние во главниот град добиваат најмалку 8,03 фунти за час.

Новите плати ќе бидат поголеми од задолжителната минимална плата што британската влада се подготвува да ја воведе во април следната година за работниците постари од 25 години. Во Лидл проценуваат дека зголемувањето на платите ќе ги чини дополнително девет милиони фунти годишно.

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега