Автомобил излета од пат во Тетово: Десетгодишно детенце во болница

Пет лица, меѓу кои и 10 годишно дете се повредени во сообраќајка несреќа која се случила вчера попладне на локалниот пат Раковец-Пирок. Несреќата се случила откако автомобил „Опел зафира“ со странски таблици, управуван од 35-годишниот А.О. од Пирок, загубил контрола, удрил во бетонска шахта и излетал од коловоз.

Како што информираат од СВР Тетово по укажаната лекарска помош во тетовската болница сите се пуштени на домашно лекување.

Првично, причина за излетувањето е пребрзото возење.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега