Фракција во ДУИ: Поранешните борци на ОНА формираа партија - ќе се залагаат за федерализација на Македонија

Поранешните борци на ОНА формираа своја партија во Тетово, која ќе го носи името Унитети, пишува во својот денешен број, косовскиот весник  Bota Sot. 

 

Весникот наведува дека станува збор за фракција на партијата ДУИ, а лидер на партијата е дебарчанецот  и поранешен генерал на ОНА, Гзим Острени. Информацијата за косовскиот весник ја потврдил пратеникот на ДУИ, Зулфи Адили , и според него потписи на актот на основање ставиле интелектуалци и претставници и членови на невладиниот сектор и организации од Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Скопје.

Основни принципи на политиката на партијата ќе бидат федерализацијата на Македонија и поделбата на буџетот на рамномерен етнички начин, заклучува Bota Sot

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега