На Даниела и почина мажот, сега и синовите: "Што ќе правам без вас деца мои"

23-годишниот Немања и 21-годишниот Стефан кои во петокот загинаа во тешка сообраќајна несреќа се погребани денеска во присуство на бројни роднини и пријатели. Мајката Даниела и бабата Србијанка се скршени од болка. Тие целиот свој живот се соочуваат со трагедии бидејќи како што велат пред 16 години недалеку од влезот во Бадовинце, во сообраќајна несреќа животот го загубил и Синиша Гавриќ, таткото на настраданите момчиња.

Пред оваа несреќа во која згаснал животот на Синиша,  во сообраќајка загинал и таткото на Синиша.

-Малку машки Гавриќи починале во кревет последниот половина век. Веруваме дека врз нив е фрлено проклетство, а оваа последна трагедија само го потврдува тоа, вели еден пријател на семејството.

-Што доживеав - кукала неутешната мајка Даниела додека ги пружа рацете и моли да и се вратат синовите.

-Ауу, каде ќе одам јас кутра без моите внуци!

Браќата Гавриќ загинаа во петокот, кога нивниот „пасат“ слетал од патот, удрил во елка и се запалил. Соседите велат дека биле мирни и културни момчиња кои не правеле проблеми.

Нека почиваат во мир!

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега