Драма во Чегране: Го чекал пред училиште а потоа...

А.И. (35) од Чегране, вчера претпладне пријавил дека на неговиот малолетен син лице од истото село му барало пари и го малтретирало.

На службите на СВР Тетово, идентитетот на лицето веќе им бил познат.

Според А.И. на 14,15,16 и 17 овој месец, пред училиштето во кое се образувал неговиот син, повозрасниот чегранец физички го малтретирал, му се заканувал дека ќе го убие и барал од него да му донесе пари од дома.

Исплашен, малолетникот во четири наврати му донесол вкупно 1600 евра, а потоа им раскажал на родителите што му се случило.
 
Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега