Трагедија во Берово: Си го пронашол роднината мртов

43-годишниот А.Н. од селото Двориште – Берово во текот на вчерашниот ден, во полициска станица пријавил дека на местото „Пиличоско“ атар на селото Двориште го пронашол мртов неговиот роднина Христо Н. од истото село.

Смрт е констатирана од лекар, а увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Берово.

Било утврдено дека на 21-ви месецов во времето од 17 до 19 часот додека го напасувал своето стадо овци во атарот на селото, Христо (72) бил удрен од гром и на самото место починал.

Телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега