Струмичанец се снимал со девојката, го објавил видеото бидејќи му раскинала

СВР-Струмица поднесе кривична пријава, против  В.С (28) од с.Владевци,  поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

-Имено, В.С. во месец јули 2015 година, неовластено поточно без знаење на пријавителката снимал видеоклип, помеѓу нив двајцата со компромитирачка содржина, за што подоцна и се заканувал, доколку ја прекине врската, снимениот материјал ќе го објави преку социјалните мрежи и дека ќе настрада нејзиниот внук. Во текот на месец септември по краткотрајна расправија снимениот материјал го објавил, информираат од полицијата.

Инаку пријавениот минува во евиденциите на МВР како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и насилниот криминал.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица одредена му е  мерка притвор во траење од 8 дена

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега