Аца Лукас во паника - пејачот се плаши да не остане во инвалидска количка

Српскиот турбофолкер Аца Лукас (46) иако неодамна беше главна тема во медиумите во регионот, поради разводот со стилистката Соња Вуксановиќ, откако работите се смирија, пејачот се соочил со сериозен здравствен проблем, поради кој со денови живее во страв и паника.

Популарниот фолкер веќе неколку години има проблеми со рбетниот столб, а пред неколку недели здравствената состојба нагло му се влошила, па морал да ги откаже сите закажани настапи. Пејачот  се почесто времето го минува во болница поради неподносливите болки кои ги трпи.
- Имам  хернија и трпам неподносливи болки. Мислам дека нема да морам да одам на операција, но тоа ќе го дознаам за неколку дена. Се разбира дека се плашам да не завршам во инвалидска количка - изјавил Лукас за магазиниот „Старс“.

 

Иако беше пред развод, сопругата Соња неодамна со нивната тригодишна ќерка Викторија се вратила во нивниот семеен дом, и успеале да ги изгладат недоразбирањата и да продолжат таму каде што застанале.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега