Сопружници од Прилеп переле пари

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против сопружниците К.М. (58) и Е.М. од Прилеп за неовластено примање подароци и перење пари, соопшти МВР.

- Пријавениот К.М. во периодот од 2008 година (кога бил вработен како управител на „Берлин Компани“ ДОО Прилеп) преку вршење „консултантски услуги“ врз основа на два договора за консултантски услуги со правните лица од Скопје (синџири за малопродажба), побарал и примил „подарок“ парични средства во износ од 90.000 евра со што ги запоставил интересите и предизвикал штета на „Берлин Компани“ за сумата која ја примил. Овие средства К.М. ги примил во име на правното лице на лична сметка и дел ги искористил на тој начин што со вршење на повеќе трансфери ги префрлил на сметката на својата сопруга, пријавената Е.М. за купување недвижности (два деловни објекти) сопственост на Берлин Компани, а дел за купување на стан на име на неговата ќерка. При продажба на деловните објекти сопственост на „Берлин Компани“, првопријавениот ја искористил службената положба како управител на „Берлин Компани“ за себе и својата сопруга да прибави имотна корист на штета на правното лице со кое управувал, во вкупен износ од над 30.000.000 денари. Исто така, К.М. во период од 2007 до 2011 година преку поднесување невистинити податоци, фалсификувани изјави за законско застапништво, кои не биле нотарски заведени, спротивно на Законот за трговски друштва, станал законски застапник на повеќе од една четвртина (сите физички лица и 17 правни лица) од вкупниот број иматели на удели во друштвото „Берлин Компани“ ДОО Прилеп, се наведува во соопштението на МВР.

Осомничените, според МВР, во повеќе наврати во 2008, 2010 и 2013 година извршиле кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега