Исчезната Катерина и оставила порака на мајка си: Немојте да ме барате, зошто нема да ме најдете!

14-годишната Катерина од Србија изчезна вчера околу 12.30 часот заминала да оди во училиште, но таму не стигнала. Нејзината мајка Моника околу 16.30 часот го пронашла писмото во кое Катерина порачува дека „отишла на неколку дена и да не ја бараат“.

- Помислив дека во прашање е тинејџерско зезање и не придадов големо значење на пораката се додека не помина време во кое обично се враќа дома. Потао ми се пресекоа нозете и се сетив дека напишала дека оди на неколку дена и да не ја бараме бидејќи нема сигурно да ја најдеме. Ги повикав сите нејзини другарки и дознав дека воопшто не била во училиште, вели Моника и додава дека од вчера непрестано трага по нејзината ќерка. 

Очајната мајка веднаш отишла во полиција и го пријавила своето дете за исчезнато. 

- За среќа. веднаш почнаа да ја бараат бидејќо помина само 8 часа од нејзиното исчезнување, Се надевам дека ќе ја пронајдеме, вели мајката на Катерина

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега