Скандал во претседателската вила: Шефот на државата има вонбрачно дете

Функицонерката на СРС Наташа Јовановиќ изнела за спрски Курир нови детали во врска за аферата „вонбрачно дете“ која ја потресе цела Србија и тврди дека Томислав Николиќ има ќерка со Холанѓанката Елизабет Фарел.

Таа вели дека лично Николиќ и ги покажувал пораките во кои фарел му напишала дека е бремена. 

Јовановиќ за Курир.рс вели дека имала прилика два пати да ја сретне, на таа средба ја пратил Томислав Николиќ.

- Првиот пат се сретнав во 2003 или 2004 година. Беше наша гостинка. По мојата проценка, десет години помлада од мене. Ја прошетав по Општината, и го покаж=ував градот. На мене остави впечаток на прибрана жена. После неколку месеци ме повика Николиќ исплашен и ми рече: Онаа Елизабета која беше тука, сака да се видам со неа,вели дека  имала проблем на граница. „ Ме испрати да одам на аеродром и да ја решам таа ситуација. Отишов на аердорм со мојот шофер, дојде началникот на полицијата се претставив, тој ме одведе до неа. И таа велеше дека не е виновна и не знае зошто ја задржуваат. Ме паршуваше каде е Николиќ и говореше дека мора да се види со него. Вратена беше во Холандија после три дена задржување во екстрадициониот притвор на аеродормот. Николиќ ми раскажа дека му праќа пораки во кои го известила дека е во блажена состојба, открива Јовановиќ. 

 

Slika tizer 22.09.2015

 

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега