Ова се компаниите во Македонија кои прават најмногу пари

Макпетрол“ прави најголем промет на македонскиот пазар, по него е „Македонски телеком“, па „Фершпед“, Усје, „Бетон Скопје“ и „Алкалоид“. Тоа се гигантите на македонската економија чии приходи од продажба на домашен пазар изнесуваат 300 милиони евра за половина година, пишува порталот Фактор.

„Макпетрол“, „Македонски телеком“, „Фершпед“, „Усје“, „Бетон Скопје“ и „Алкалоид“ се шесте домашни компании кои имаат најголеми приходи од продажба на македонскиот пазар, покажа истражувањето на „Фактор“ направено врз основа на јавни податоци објавени во базата на Македонската берза на хартии од вредност, кои официјално се објавени во неревидираните неконсолидирани биланси на овие компании за првите шест месеци годинава.

Во истражувањето беа вклучени параметри од 18 компании од различни економски сектори: градежништво, телекомуникации, производство на храна и пијалоци, лекови и медицинска опрема, градежни материјали, челични производи, угостителство, малопродажба, шпедиција, производство на текстил и производство на тутун и цигари како и трговија на големо и мало со нафта и нафтени деривати. Уште еднаш истакнуваме дека во истражувањето беа вклучени компании чии акции се тргуваат на македонскиот пазар на капитал и кои врз основа за законските одредби и правилата на берзата се обврзани и објавуваат финансиски извештаи.

Повеќе информации прочитајте ТУКА 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега