Битка на координаторите: Димовски го неутрализираше нервозниот Сугарески

На денешната седница за пратенички прашања која започна со доцнење од речиси половина час, прв со процедурална забелешка се јави координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.

Координаторот Сугарески забележливо нервозен веројатно поради тоа што мора да се појавува во Собрание и да ја заработи платата, се обиде да пласира теза дека половината час доцнење е обид на власта да го скрати времето во кое пратениците на СДСМ ќе поставуваат прашања.

Координаторот на владеачката партија Димовски веднаш му одговори на Сугарески дека е глупава идејата да се туркаат вакви тези кога пратениците на СДСМ имале 10 вакви седници за поставување прашања кои намерно ги пропуштиле доцнејќи 15 месеци на своето работно место, како и дека доколку сакаат да проповедаат ажурност не треба да ја кочат работата на комисиите со кои заседаваат доцнејќи по повеќе од еден час на закажаните состаноци.

 Праксата во секоја прилика говорницата да се користи за обвинувања кон власта за некаква цензура, несоработка и саботажа на работата на пратениците на СДСМ е очигледно усвоена стратегија на опозиционерите. 

На седницата за избор на потпретседател на собранието Сугарески и соборците повторуваа дека е лошо што ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи нивниот предлог, иако на самиот почеток на седницата владеачката партија се изјасни дека ќе гласа за Рената Десковска. 

Денес ситуацијата се повтори - иако Велјановски најави дека ќе биде надоместено времето на доцнење на седницата, Сугарески на неколку пати како пијан за плот се фати за својот напамет научен говор, верглајќи го мотото дека постои таен план да му се скрати правото на поставување прашања за цели 30 минути, трошејќи исто толку време обидувајќи се да пласира измислени параноични тези.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега