Хрватската полиција со солзавец против мигрантите

Хрватската полиција денеска користеше солзавец против мигранти во привремениот камп Опатовац, соопшти хрватската телевизија N1.

При судирите со полицијата повредени се неколку луѓе, вклучувајќи деца.

Волонтерите во кампот се обратиле со барање до Министерството за внатрешни работи што е можно побрзо да ги информираат мигрантите за она што нив ги засега, со цел да се избегнуваат конфликтни ситуации. Според нив, недостатигот на информации и наталожениот стрес водат до протести и појава на тензии.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи од 16 септември над 44 илјади мигранти пристигнале во земјата. Вкупно 8.750 мигранти ја преминале хрватската граница во последниот ден. 

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега