Седницата на комунистите која ја паметат сите Срби: Милошевиќ стана господар на Србија, а Стамболиќ осуден на смрт!

На денешен ден 23 септември 1987 година почна Осмата седница на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Србија, со која претседаваше Слободан Милошевиќ, и која го означи новото поглавје во историјата на Србија но и тогашна Југославија.

За некои фамозната Осмата седница на Централниот комитет на Сојузот на коминистите во Србија, била увот во трагичната судбина на СФРЈ. Предворје на војни и санкции, а за други означувала почеток на процесите во реформите во Србија. Мислењата останаа поделени до ден денешен.

Осмата седница на Централниот комитет на СК, Србија почнал на 23 септември 1987 година, и траела два дена и сигурно означила преседан во политичкиот живот не само на Србија туку и подоцна и на Југославија. На оваа седница почнал успон на идниот претседател на Србија и СРЈ Слободан Милошевиќ но и истовремен пад на неговиот ментор, но и голем пријател и соработник, тогашниот претседател на Претседништвото на СФРЈ Иван Стамболиќ. На седницата од членството бил разрешен Драгиша Павловиќ, кој претходно се спротивставил на политиката наСЛободан Милошевиќ.

Атмосферата во која самата седница се одвивала била повеќе од напната, затоа што за тоа време се повее доаѓало до изразување на тензија и анимозитет меѓу Албанците и Србите, но и внатрешен конфликт во самата комуникација на партијата во Србија.

Имено на седницата на Претседништвото на КПС, кое претходело на Осмата седница, Иван Стамболиќ се спротивставил на денвиот ред, по кој требало да Драгиша Павловиќ има излагање со претставниците на средствата за јавно информирање во Градскиот комитет. Стамболиќ го преформулирал дневниот ред, по кој првенствено требало да говори за актуелната политичка ситуациуја и состојбата на средствата за јавно информирање.

„Мислам дека ваков дневен ред не е прикладен и вообичаен. Подобро е прво да разговараме за проблемите, па да видиме дали треба да разговараме и за луѓето, ако е потребно да разговараме и за тоа“, образложил Стамболиќ.

Тој исто така рекол дека и во излагањето на Драгиша Павловиќ не можел да ги чуе ставовите кои се косат со ставовите на Сојузот на комунистите на Југославија. Сепак тоа не го вознемирило Милошевиќ кој насетил од каде му се заканува опасност, па Павловиќ одма го отстранил, а Стамболиќ четири месеци по прочуената седница.

Требало да минат 22 години од седницата за да се тргне ознаката „државна тајна“, односно нецензуирана расправа и коментари на учесниците, но и записот на стенографските белешки од прочуената седница на Председништвото, на кое пет дена пред прочуената „осма“ веќе било одлучено кој ќе победи во конфликтот меѓу Милошевиќ и Стамболиќ.

Менторот на Милошевиќ Иван Стамболиќ по седницата се повлекол од јавниот живот а во писмото на Милошевиќ во 1991 година навел дека ќе молчи затоа што тоа е единствено средство на одбрана кое не му било одземено.

Стамболиќ исчезнал на 25 август 2000 година, а за време на акцијата Сабља, три години подоцна е откриено дека на Фрушка гора го убиле припадници на ЈСО.

 

Во пресудата за овој злочин наведено е дека Стамболиќ е убиен по налог на Милошевиќ и дека бил елиминиран како политички противник.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега