Дали хрватскиот премиер Милановиќ е безобразен? - еве што велат Србите!

По изјавата на премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, упатена на претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ, „ “ŠARAJ MALO”, српските медиуми покренаа анкета со прашањето: „Дали мислите дека премиерот на Хрватска е безобразен?“, Србите го кажаа своето а мнозинството смета дека Милановиќ ја минал границата на пристојно однесување, а има и онакви кои велат дека тој „ништо не им значи во животот“.

Во анкетата учествувале голем број на луѓе, преку 10.000, кој го дадоа својот суд на оваа тема.

Дури 63,91% сметаат дека Зоран Милановиќ бил безобразен, а 8,39 проценти сметаат дека не бил, додека 17,88 проценти велат дека воопшто не им е грижа за премиерот на Хрватска.

Да потсетиме Милановиќ на Србија и порача да го смали тонот, и му порача на Вучиќ: “Šaraj malo, brate. Šalji malo gore u Mađarsku i Rumuniju“.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега