ФОТО/ВИДЕО: Денешната состојба на границата меѓу Србија и Хрватска

На граничниот премин Батровци има колона на камиони долга 15-20 километри.

На границата на Србија со Хрватска, поточно на граничниот премин Батровци, српските новинари затекнаа состојба: во колоната со патнички возила нема ниту еден автомобил, додека колоната за камиони била долга со теретни камиони од 15 до 20 километри.

Да потсетиме незадоволни од одлуката на Владата на Хрватска да преминот биде отворен за возила со расиплива роба, возачите на камионите во целост го закочија сообрааќјот во двата правца.

Со своите возила го блокирале граничниот премин на ничија земја меѓу Србија и Хрватска и на отј начин ги запреа и патничките возила.

Во меѓувреме возачите на камионите се договориле со српската полиција да го одблокираат патничкиот сообраќај, на граничниот премин Батровци-Бајково во двата правца.

 

Камионџиите како што е најавено до вечерва во 23:30 часот ќе ја чекаат хрватската влда даја промени одлуката во селективното пуштање на теретниот сообраќај, а доколку одлуката не биде променета ќе ги блокираат сите гранични премини за целиот сообраќај кон Хрватска, изјави возачот Кан Грбовиќ кој од Нови Пазар ја пренесува робата за Загреб.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 23:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега