Извештај на ИБМ: Македонија број еден креатор на работни места

Македонија е број еден креатор на работни места во светот, покажува извештајот на бизнис истражувачката компанија ИБМ која се фокусира на менаџерските и економски прашања.

Овој годишен извештај ги анализира најновите трендови според кои компаниите ги лоцираат нивните нови бизниси ширум светот и како ги донесуваат тие одлуки. Извештајот е направен од Plant Location International, локалната стратегија и избор на локација со консултација на одделот за Глобални бизнис услуги на ИБМ.

Според клучните поенти од овогодишниот извештај, Македонија е прва според отворање на работни места според бројот на жители. САД и понатаму е најпосакуваната дестинација за инвестирање, со рекордна изведба од странски инвестиции во 2014 година, според бојот на отворени работни места. Ирска и понатаму привлекува вредни инвестиции, додека Лондон е лидер во привлекување на странски инвестиции.

Во клучниот ранкинг кој ги опфаќа категориите создавање на вкупни работни места, создавање на работни места според број на жители и просечна вредност на работните места, Македонија е рангирана на првото место заедно со САД и Ирска.

1. САД

1. Македонија

1. Ирска

2. Кина

2. Обединети Арапски Емирати

2. Швајцарија

3. Индија

3. Чешка

3. Шведска

4. Мексико

4. Ирска

4. Данска

5. Обединето Кралство

5. Костарика

5. Литванија

6. Бразил

6. Естонија

6. Холандија

7. Тајланд

7. Бахреин

7. Хонгконг

8. Виетнам

8. Унгарија

8. Финска

9. Индонезија

9. Латвија

9. Индија

10. Филипини

10. Србија

10. Германија

ИБМ е бизнис истражувачка компанија која се фокусира на менаџерските и економски прашања. Има канцеларии во Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Афика и САД. Публикува помеѓу 35 и 50 студии и анализи секоја година.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега