Хрватска нема да ја отвори границата со Србија се додека преминот Хоргош не биде отворен за мигрантите

Хрватска нема да ја отвори границата со Србија се додека преминот Хоргош не биде отворен за мигрантите, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ.

– Тоа е одговор на дискриминацијата на Србија за камиони од Хрватска додека не го отворат Хоргош нема влез за возила со српски регистерски таблички. Луѓе може да влегуваат, тоа не е спорно. Очекуваме да го отворат Хоргош, изјави Остоиќ за локални медиуми.

Србија од ноќеска одговори кон Хрватска со контрамерки на едностраното затворање на границата за товарен сообраќај од Србија забранувајќи проимет на возила регистрирани во Хрватска и за стоки на хрватски производители на сите гранични премини.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега