Фатен гостиварчанец баран со потерница

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 21-годишниот Џ.И. од Гостивар, лице кое се барало со потерница за издржување казна затвор.

-  Со употреба на погоден алат и прибор, насилно отворал прозори од куќи и деловни објекти низ Струга. На тој начин, но и со кршење на стаклата од влезните врати, успеал да влезе во внатрешноста на една куќа, аптека и магацин за играчки од каде одзел пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, изјави Димоски.

Џ.И. извршил и две кражби на плажа во Струга и една во кафе бар во центарот на градот.

- Успеал незабележано да одземе паричници, стекнувајќи се со значителна против-правна имотна корист. Оперирајќи низ Струга, Џ.И. на паркинг забележал моторно возило кое не било заклучено, а клучевите биле оставени во внатрешноста на автомобилот, влегол во возилото, го стартовал и го користел за свои потреби, појасни Димоски.

Пријавениот Џ.И. е спроведен во казнено поправната установа Затвор Охрид.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега