Прилепчанката Моника измамила половина хотелиери во Охрид и Струга

44-годишната прилепчанка Моника В. го измамила сопственикот на струшкиот хотел „Бисер“ за 5.000 евра добила стотина кривични пријави за измами во изминативе години претставувајќи се како лидер на Kонфедерацијата на синдикалните организации на Македонија.  Како што пишува Дневник на 8 јули годинава на менаџерот во хотелот „Бисер“ му се претставила како претседател на Kонфедерацијата на синдикалните организации на Македонија. Лажно претставувајќи се М.В. со хотелот потпишала договор за користење услуги, по што од 14 до 19 август годинава во хотелот престојувале 52 лица што искористиле услуги во висина од 338.068 денари.

Измамничката по електронска пошта ни испрати понуда да организираме престој за три групи туристи, членови на синдикатот, односно на Kонфедерацијата на синдикалните организации на Македонија, за чиј претседател се претстави. Се согласив верувајќи дека се навистина од синдикат и им понудив поевтина цена за пансион од тековните. Се договоривме за седумдневни аранжмани, но кога побарав да го потпишеме договорот, рече дека тоа ќе го направи лично кога ќе дојде во хотелот – изјави Шумуликовски, пренесе Дневник.

Таа дошла со првата група туристи, но одолжувала со потпишување на договорот. За да ја смири ситуацијата, таа му покажала извод од тековната состојба на Kонфедерацијата за февруари, но не го потпишувала договорот. По неколку дена натегање, таа го потпиша договорот со печат од некое земјоделско здружение.

Таа си заработи кривична пријава за измама, за употреба на исправа со невистинита содржина, како и за посебни случаи на фалсификување исправа.

 

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега