Дивееле со мотор: Тинејџери завршија на скопската Клиника

Осумнаесет годишниот Ј.С. од Групчин и 15 годишно момче се повредени откако вчера вечерта излетале од пат управувајќи скутер „Априлија“.

Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути во Групчин. Од излетувањето и паѓањето на бекатон плочки, полесни повреди добиле двајцата кои веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница, а по укажаната помош, префрлени се на скопските клиники.

Осумнаесет годишниот возач подоцна е пуштен, додека сопатникот од мотоциклот задржан е за натамошно лекување.

 

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега