Вработен во „Македонски шуми“ заработи казна - дозволил бесправна сеча

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 45-годишниот Г.С. од кичевското село Другово кој, како самостоен референт вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, ја злоупотребил службената положба, дозволувајќи бесправна сеча на 10 метри кубни дрва со што државата е оштетена за 70.000 денари.

На 14 јули годинава, Г.С., спротивно на Законот за шуми, му дозволил на П.Л. од Кичево да исече огревно дабово дрво и со тоа да стекне материјална корист од 8.217 денари. Иако знаел дека П.Л. не доставил комплетна документација, Г.С. изготвил одобрение за сеча на дрво на катастарската парцела во месноста Белица заведена во имотен лист како култура-нива за која не е потребен геодетски елаборат.

Потоа во соседната катастарска парцела за која е потребен геодетски елаборат, жигосал дабови стебла во количина од 10 метри кубни со што на физичкото лице од Кичево, кое не доставило таков елаборат, му овозможил противправна сеча на дрвна маса и нелегална имотна корист.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега