Тетовчанец вчера доживеал шок
Автомобил „Форд фиеста“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на 31-годишниот М.С. од тетовското село Орашје вчера од засега неутврдени причини се запалил и изгорел, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот на улицата „Кумановска“ број 15 во Тетово, откако сопственикот го паркирал автомобилот.
- Најпрво се појавил чад и пламен во предниот дел, кој за кусо време се проширил во задниот дел на возилото каде се наоѓал и вградениот плински уред. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот е локализиран. Извршен е увид и се работи на утврдување на причината за пожарот, а вкупната штета се проценува на 30 илјади денари, рече Јосифовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа