Детали за несреќата кај Катланово: Едно лице итно донесено во Скопје

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која денеска околу 13 часот и 50 минути се случила на автопатот Велес-Скопје, кај тунелот Катланово. Во сообраќајна несреќа учествувале две товарни возила и еден патнички автомобил.

Како што информираат од СВР Велес едно лице е повредено и однесено со Брза помош на Скопските клиники.

- Сообраќајот се уште е во прекин и за кратко се очекува да се нормализира, изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега