Велосипедист тешко повреден на Рузвелтова во Скопје

Велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Ауди“ со скопски регистерки таблички на улицата „Рузвелтова“ во близина на раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“, јавува Курир

Несреќата се случила околу 14 часот, а според првичните информации од полицијата, Аудито по ударот во велосипедистот, направил уште една сообраќајна несреќа удрирајќи во автобус. 

Велосипедистот со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар, а полицијата на местото на несреќата извршува увид.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега