Тоа го говореше Достоевски... во однос на Западот кон Србија

„Убавината ќе го спаси светот“ се одважните зборови на рускиот книжевникФјодор Михајлович Достоевски. Тоа е онаа убавина таканаречената христијанска љубов која ја покажува Србија во однос на ксенофобичната Европа, која се загради со ограда и бодликава жица, солзавец, водени топови и крволочни кучиња што ги напаѓаат несреќните бегалци во очајната тензија да се докопаат до подобар живот.

Тоа е онаа убавија, таканаречена простодушност која остана целосно затечена кога портпаролката на Европската комисија изјави дека земјите од Унијата можат од своите територии во Србија да ги враќаат имигрантите од третите земји кои не добиваат азил во ЕУ.

Колку  современите зборови на Ф.М. Достоевски можеме да ги увидиме во „Дневникот на писателот“ додека прецизно се сецира односот на лицемерниот Запад кон Словените, особено кон Русите и Србите.

Европјаните по никоја цена не сакаат нив да ги прифатат како свои, ниту пак во никој случај како жртви... и тоа така трае до ден денешен... и што повеќе северните соседи им удоволуваат, ЕУ се повеќе ја презира нивната националност, и самите нив.

Европа е втората татковина за нас“, пишува Достоевски, истакнувајќи дека е најважно да станеме свесни за националниот идентитет.

Штом Европјаните приметат дека Балканците се ценат самите себе и нивната националност, тој веднаш ќе почне да ги цени исто така. (Дневникот на писателот 1877-1881, страна 27)

„Постојат две Србии – Србија со повеќе кругови, нестрплива и без искуство, која сеуште не живеела во вистинскиот живот и која сеуште не ја покажала својата акција, но која страшно сонува за иднината, таа веќе има свои партии и знае за интриги кои понекогаш добиваат толкави размери (поради својот недостиг на искуство) какви што не може да се сретнат ниту кај нациите кои се мноту постари, но исто така и многу понезависни од самата Србија.

Но во споредба со таа погоре Србиа, којта така брза да го живее животот на политичка нација, постои и онаа народна Србија која единствено Русија ја смета за свој спасител, свој брат, оној руски цар го гледа како свое сонце, таа ги сака Русите и им верува“. (Дневник на писателот, 1876 страна 331)

„Ослободени и благодарни Словени, природно, би требало да и бидат благодарни на Англија, и да ја гледаат како своја спасителка, и ослободувачка, и таа би им ги отворила очите што се однесува на Русија“: „Еве“, тогаш би рекле, „тоа е вашиот гневен непријател, таа е, под изговор дека се грижи за вас, еднакво сонува како да ве проголта и како да ве лиши од вашата неминовна и славна политичка иднина„. (Дневник на писателот 1876, страна 286)

 

Од 19 век, Достоевски не го критикува само својот народ, туку и сите оние кои со задоволство и брзо се поклонуваат на европските авторитети“, не размислувајќи многу за можните последици.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега