Српската влада ги укина контрамерките против Хрватска

Српската влада вечерва одржа вонредна седница, на која донесе одлука за укинување на контрамерките преземени против Хрватска, откако таа ја деблокирапе границата со Србија.

По седницата, премиерот Александар Вучиќ изјави за Хрватската телевизија дека Србија „апсолутно" ќе го укине емрагото врз хрватските производи.

Српските медиуми објавуваат дека омекнувањето на ставовите доаѓа по притисокот од Европската унија.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега