Бегалците ја менуваат мапата на движење - Македонија ја одминуваат!

Новиот бран на мигранти кои преку Турција пребегнуваат во Европа, во камповите деновиве добиле ново упатство за текот на рутата по која треба да се движат, за да стигнат до Германија и скандинавските држави.

Досегашната рута, која води преку Србија, што подразбира дека мора да ја поминат и Македонија, како што пишува српски Курир, веќе ја губи својата актуелност, затоа што сега се отвора нов правец кој од Турција води кон Грција, па Бугарија, Романија, па преку Унгарија за да влезат во западна Украина и Полска да стигнат до Германија. За прв пат се појавила и рутата од Грција преку Албанија и Јадранското море да стигнат до југот на Италија.

 

 

Оцени ја веста

26.09.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега