ФОТО: "Одам по невестата, љубовта е посилна од политиката"- момчето кое и се закани на Владата

Миодраг Новаковиќ од Осиек е Хрватот кој стана Интернет хит откако и остави порака на Владата дека ако треба ќе ги сруши ѕидовите само да си ја земе сопругата од Србија, со која набрзо треба да стапнат на лудиот камен. Како што тој би направил се за неа, и невестата порачува дека ќе го преплива Дунав за него.

- Мојата Шанела ја чекам 18 години и никакви мигранти и ѕидови нема да ме сопрат. Нашата љубов е над политиката и сите недоразбирања, вели хрватот кој стана хит.

25-годишниот Миодраг додава дека ситуацијата моментално е тешка и многу го загрижува, но со оглед на тоа дека ретко се гледале со саканата, а сега ги затвориле и границите, ќе направи се на 3 октомври да се случи неговата свадба. Тој и онака веќе и порача на Владата: - Доаѓам со сватовите на 3 октомври, си одам по невестата. Ако треба и ќе ги срушам ѕидовите!

Со неговата Шанела љубовта ја делат од прво одделение, а заедно се 13 години. Тој вели дека веднаш му рекла ДА и дека сака целиот живот да биде до неа.

Останува да видиме што ќе се случува!

 

 

 

 

Оцени ја веста

26.09.2015 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега