ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе: Метастазира хипокризијата на СДСМ и се шири на локално ниво

Една половина од членството на СДММ од Свети Николе кои што сеуште не дошле на ред да играат тенис на новото тениско играриште,денес се обидоа и се удавија во намерата да направат прес конференција, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе.

Имено проектот двојно тениско играриште реализиран од страна на АМС и Владата на Р.Македонија вчера и официјално беше предадено во владение и употреба на ЕЛС Свети Николе.Претпоставуваме најверојатно исфрустрирани зошто нивната другата половина од шест члена ( членови на СДММ Свети Николе) прва почна да го користи тениското играриште предвреме и да ги ужива благодетите од овој нов проект на Владата на Р.Македонија денес видно изреволтирани сакаа да покажат дека нивната фракција, онаа на Зајко де не се согласува со таа на Бранко која што малку пред нив на истото играриште играше тенис.Е на овој циркус неможат да се начудат Светиниколчани,Бранковите играат тенис а овие на Заев критикуваат .На ВМРО ДПМНЕ не му останува ништо друго освен да гради и создава делат ,тие нека прават циркуси.

Ова почитувани е уште еден доказ каков раштиман оркестар е СДСМ,додека едната половина од сите членови играат тенис на новото тениско игралиште другата половина со навреди,лаги и конструкции се обидуваат да ја замајуваат јавноста.

 

Сакаме до клонираните полтрончиња од СДММ од Свети Николе да и препорачаме нешто.Прашајте ги граѓаните на Свети Николе за ,,грандиозните дела,, на СДСМ во Свети Николе.

Во транзицискиот период за време на криминалната приватизација  спроведена од страна на СДСМ ги уништивте гигантот ЗИК Овче Поле 3 776 вработени ,АД Снитекс 1 100 вработени ,АД Зелоп 213 вработени и многу друге и сите овие вработени ги оставивте на улица.

Вашата црна лента патем добро ви стои како наследници на гробарите на економијата и земјоделието во Свети Николе,прашајте го вашиот претседател на ОО на СДСМ од Свети Николе од каде го купил тогашниот озонатор за вода во станицата за преработка за вода.Но за тоа се надеваме дека истражните органи во иднина ќе имаат работа.

Нашата реакција на вашите глупости ќе биде исклучиво во насока на задржување на политичкото ниво во делот на политиката.ВМРО ДПМНЕ гради и на државно и на локално ниво и ќе продолжи да гради и создава дела.

Ако за вас изградбата на автопатите,локалната патна мрежа,водоводите и канализациите во градот и рурарните средини не ви значат ништо ,на граѓаните им значат многу.Ако изградбата на локалните улици и инфраструктурни објекти  не ви значи ништо тоа е проблем на вашата исфрустрираност и немоќ со аргументи да одговорите на проектите кои што Премиерот г. Никола Груевски и Градоначалникот Тасев ги спроведуваат во интерес на граѓаните.

Немојте воопшто да се секирате граѓаните и добро гледаат и добро слушаат и се многу мудри,само вие од СДСМ неможете да го видите тоа и затоа пофторно по којзнае кој пат убедливо ќе изгубите на наредните избори,кој тоа спомна ВМРО ДПМНЕ – СДСМ 3:1.

Најлошо од се е кога си го копираш аболицираниот за криминал ваш лидер Заев и почнувате гласно да размислувате тој тоне и се дави во сопствените лаги а вие во стилот на Достоевски се двоумите дали да ја признаете лагата и да ви олесни на душата и мирно да спиете или да продолжите да лажете,конструирате и навредувате.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Свети Николе

 
 

 

Оцени ја веста

26.09.2015 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега